shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шкупи – Работнички

Шкупи – Работнички

-

Шкупи

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше на гостувањето на Чаир против Шкупи, играјќи 1-1, во рамките на 20.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Нашиот тим имаше предност остварена на самиот старт од натпреварот, но Шкупи, сепак, успеа да стигне до бод во второто полувреме.

Суад Сахити го доведе Работнички во водство веќе во првиот напад. Ја искористи својата брзина, побегна по десната страна и откосо шутираше кон голот на Зендели, погодувајќи ја мрежата. По ова, Работнички имаше контрола над играта, иако домаќинот се обиде да израмни.

img_1089

Во вториот дел, Шкупи стигна до израмнување. Во 69.минута, Јасир Асани нафрли од десната страна, а Димитрија Лазаревски со удар со глава од непосредба близина погоди на вистинското место.

По 20 одиграни кола, Работнички се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 32 освоени бода.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-1 (0-1)
Стадион Чаир. Судија: Јосип Бартон (Скопје). Стрелци: Лазаревски 69’ (Шкупи), С. Сахити 1’ (Работнички). Ж. картони: Асани, Бериша (Шкупи), Дурански, Херера, Елмас (Работнички)..

ШКУПИ: Зендели, Малиќи, Бериша, Лазаревски, Адем (82’ Зука), Б. Асани, Бајрами, Кадриу, Шабани (55’ Демири), Исени, Ј. Асани (89’ Исмаиљи).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Митрев, Шиков, Херера, Најденов, Дурански, Елмас, С. Сахити (76’ Демир), Вуковиќ (82’ Борха), Ивановски.