shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Македонија ЃП – Работнички

Македонија ЃП – Работнички

-

Македонија ЃП

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички оствари убедлива победа над Македонија ЃП (0-3) во првото пролетно коло од фудбалскиот шампионат на Македонија. Со овој триумф, нашиот тим се искачи на третата позиција на табелата со 31 освоен бод. Во составот дебитираа новите засилувања, Ванче Шиков, Бенјамин Демир, Иван Вуковиќ, како и Александер Борха Кордоба, кој доби право на настап во овој зимски преоден рок.

Работнички покажа дека е поквалитетен противник и дека подготвено влезе во пролетниот дел од првенството. Веќе во десеттата минута, Суад Сахити донесе водство за нашиот тим. Тој доби една топка на работ од шеснаесетникот и со одличен лоб удар ја затресе противничката мрежа. По ова, се заканија Најденов и Филип Ивановски, а на одмор се замина со минимална предност.

Во второто полувреме, уште два гола за Работнички, со реализација од белата точка. Во 58.минута, Филип Ивановски беше сигурен реализатор, за зголемување на водството на 0-2.Македонија ЃП се обиде да стигне до почесен погодок преку Цветановски во 70.минута, но Божиновски беше на вистинското место.

Во 78.минута, Горан Силјановски успеа да му ја одземе топката на домашниот голман Боби Целески, кој го собори во шеснаесетникот и беше досуден уште еден пенал за Работнички. Повторно сигурен реализатор беше Филип Ивановски.

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 0-3 (0-1)

Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 400. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: С. Сахити 10’, Ивановски 58’ (пен.), 78’ (пен.). Ж. картони. Аломеровиќ, Здравковски, Џангаровски, Целески (Македонија ЃП), Трајчевски, Дурански (Работнички). Црвен картон: Трајчевски (Работнички)

МАКЕДОНИЈА ЃП: Целески, Аломеровиќ, Џангаровски, Стојковски, Чешмеџиев, Фетахи (66’ Серафимовски), Здравковски, Цветановски, Денковски (66’ Јакимоски), Стојкоски, Јашароски.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјаноски, Шиков, Рашо, Херера, Најденов (83’ Борха), Трајчевски, Дурански, Демир, С. Сахити (74’ Митрев), Ивановски.