shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Македонија ЃП – Работнички

Македонија ЃП – Работнички

-

Македонија ЃП

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби од Македонија ЃП со 2-1 во 25.коло во Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим останува на осмата позиција со 24 освоени бода.

Македонија ЃП поведе во 23.минута, откако Личина остана осамен во шеснаесетникот по слободниот удар што го изведе Самаке од десната страна. Само две минути подоцна со фантастичен шут од 25 метри израмни Адтхе Мазари. Тој распали од далечина и го совлада Христијан Стевковски.

Матеј Ангелов имаше шанса и за пресврт пред крајот на првиот дел, но со лева нога шутираше за малку крај голот.

Во 73.минута, Македонија ЃП постигна погодок преку Филип Алексовски кој најдобро се снајде и успеа да ја погоди мрежата на Работнички.

До крајот, избраниците на Милан Илиевски имаа две одлични шанси за да стигнат до израмнување и реми.

Марселин Гандо Биала беше одлично проигран од Тодоровски, излезе сам пред Стевковски и се обиде да го лобува откосо од денсната страна. Сепак, неговиот шут заврши над голот.

Уште поубава можност имаше Никола Манојлов. Тој од пет метри шутираше со глава, но не беше прецизен од изгледна позиција.