shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шкендија – Работнички

Шкендија – Работнички

-

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби со 2-0 од Шкендија на гостувањето во Тетово во 11.коло од Првата фудбалска лига. По овој пораз, нашиот тим се наоѓа на седмата позиција со 15 освоени бода.

Шкендија многу брзо успеа да го отвори резултатот. Во десеттата минута, недоразбирање во одбраната на Работнички, а на крајот Дашмир Елези успеа да ја затресе мрежата на Јанков. Петнаесетина минути подоцна, Кристијан Стојкоски имаше шанса за израмнување, шутираше откосо од левата страна, но Јан Кривак успеа да расчисти во корнер.

Елези и Гури се заканија повторно кон голот на Јанков, а Шкендија во последните мигови од првото полувреме го погоди дирекот.

Во вториот дел, Шкендија продолжи офанзивно, а во 65.минута Флорент Рамадани доби одлична топка во шеснаесетникот и реализираше крај Ристе Јанков за предност од 2-0.
Во следното 12. коло, Работнички ќе му гостува на Борец во Велес.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-0 (1-0)

Градски стадион во Тетово. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Елези 10’, Рамадани 65’ (Шкендија). Ж. картони: Шала, Незири, Дориев (Шкендија), Стојкоски, Ристовски, Османоски (Работнички).

ШКЕНДИЈА: Захов, Тимовски, Бејтулаи, Незири, Кривак, Мерџани (87’ Алими), Џеси, Шала (87’ Хебај), Рамадани (72’ Мурати), Гури (87’ Ќака), Елези (46’ Дориев).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристевски, Кировски (78’ Тантуровски), Позњак, Османоски, Гоес(70’ Тодоровски), Ристовски (70’ Стојков), Аломеровиќ, Л. Станковски, Стојкоски (78’ Илиевски), М. Станковски (81’ Хајдари).