shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Борец

Работнички – Борец

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Борец

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички оствари победа (1-0) над Борец на отворањето на новата сезона 2021/22. На арената „Тодор Проески“, нашиот тим славеше со погодокот на Александар Ристевски. Новото засилување одлично реагираше во 30.минута и со удар со глава ја затресе мрежата на Борец по слободниот удар на Димитар Тодоровски од левата страна.

Ристевски одлично им побегна на чуварите и со прецизен удар го надмудри гостинскиот голман Милош Рниќ.

Работнички беше подобар противник на овој дуел, доминираше во поле, го имаше поседот на топката. Пред водството, Марио Станковски беше во можност да погоди, но одличното уфрлување од десната страна сепак не успеа навреме да го материјализира.

Во вториот дел, повторно Марио Станковски имаше шанса за втор погодок, но од непосредна близина не беше прецизен.

Во второто коло, Работнички гостува во Струмица кај Академија Пандев.

РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 1-0 (1-0)
Арена „Тодор Проески“. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелец. Ристевски 30’ (Работнички). Ж. картони: Тодоровски, Позњак, Л. Станковски, Ристовски (Работнички), Зарате, Ефтимов, Ѓорѓиески, Реџепи (Борец).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Илиевски, Ристевски, Позњак, Ристовски, Стојков (86’ Лазаров), Тодоровски, Л. Станковски (82’ Османоски), Стојкоски (74’ Максимов), Тантуровски, М. Станковски.
БОРЕЦ: Рниќ, Ефтимов, Стоименовски, Раџен, Талески, Манасиевски (64’ Трифунов), Љума (82’ Трајкоски), Ѓорѓиев, Ѓорѓиески, Талески (82’ Реџепи), Зарате (46’ Манасиев).