shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Македонија ЃП

Работнички – Македонија ЃП

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Македонија ЃП

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше (2-2) против Македонија ЃП на Националната арена „Тодор Проески“ во 28.коло од Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим останува на петтата позиција на табелата со 41 бод.

Во дуелот со директниот ривал за третата позиција, тимот на Македонија ЃП, составот на Работнички одигра офанзивно, но не успеа да стигне до триумф. Од 65. минута нашиот тим играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Методи Максимов кој заработи два жолти картони.

Голеадата се случи во првиот дел. Во седмата минута Македонија ЃП поведе со голот на Робсон да Силва. Тој се одлучи на удар од далечина и го совлада Јанков.

Но, Работнички се врати само три минути подоцна. Ѓорѓевиќ нафрли од левата страна, а Лука Станковски со удар со глава ја затресе противничката мрежа.

Во 17.минута, нова предност за Македонија ЃП. Фернандо Аугусто од слободен удар го надмудри Јанков.

Работнички успеа и вторпат да се врати во мечот. Во 30.минута, по центаршутот на Силјановски од десната страна, Марио Станковски постигна прекрасен гол со глава.

До крајот на првиот дел, Марио Станковски уште еднаш се закани, а на полувреме се замина со 2-2.

Работнички тргна офанзивно и во вториот дел, Марио Станковски и Фахрудин Ѓурѓевиќ беа постојана опасност, но и Самир Фазли беше во шанса, а Јанков успеа да спаси. Кировски по корнерот од десната страна можеше да донесе предност за Работнички, но од свртување шутираше крај голот.

Во 65.минута, Методи Максимов заработи втор жолт картон и Работнички остана со десетмина фудбалери. Две минути подоцна Марио Станковски излезе во противнапад, се одлучи за шут, а го имаше до себе и Ѓурѓевиќ и Стевковски одбрани.

Фазли во 73.минута имаше шанса, но откосо од левата страна шутираше крај голот и мечот заврши 2-2.

Во следното коло, Работнички му гостува на Шкупи.

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-2 (2-2)

Национална арена „Тодор Проески“. Судија: Игор Стојчевски. Стрелци: Л. Станковски 10’, М. Станковски 30’ (Работнички), Да Силва 7’, Фернандо 17’ (Македонија ЃП). Ж. картони: Л. Станковски, Максимов, Ѓурѓевиќ, М. Станковски, Силјановски, Јевтоски (Работнички), Фазли, Китановски (Македонија ЃП).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Грозданоски, Кировски, Ѓорѓевиќ, Стојков, Ристовски, Силјановски (80’ Тодоровски), Максимов, Л. Станковски, М. Станковски (72’ Јевтоски), Ѓурѓевиќ (68’ Прелчец).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Китановски, Стојчевски (69’ Петров), Личина, Чарлестон, Адем (59’ Настевски), Фернандо, Божиновски, Алексовски (46’ Ајрулаху), Да Силва (88’ Филиповски), Фазли.