shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкупи

Работнички – Шкупи

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкупи

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички доживеа пораз (1-2) од Шкупи во решавачкиот натпревар за пласман во Лигата на Европа. Во последните неколку минути, изгледната победа се претвори во пораз и побегна излезот на европска сцена. Баже Илијоски постигна гол за водство на нашиот тим во 84.минута, а Џонатан Устабаши, со два гола, во 89. и во 92. минута, направи комплетен пресврт.

Работнички на крајот го завршува шампионатот на седмата позиција со 46 бода.

Првата изгледна шанса на натпреварот ја имаше Кристијан Ацковски вцо 16.минута. Тој од работ на шеснаесетникот шутираше, но за малку крај голот на Шкупи. Се обиде и Оливер Пеев, но на голот, а Бесар Исени се закани кон Јанков.

На почетокот на вториот дел, Баже Илијоски шутираше со полуволеј од 18 метри, но Мустафи одбрани. Потоа имаше обид и Пеев.

Возбудата беше во финишот. Баже Илијоски во 84.минута постигна погодок за водство, по проигрувањето од Чинеду Чарлс Гофри. И сите ги видоа Работнички во Европа.

Но, Шкупи возврати во самиот финиш. Џонатан Берат Устабаши во 89.минута успеа да израмни, а три минути подоцна, со удар со глава, по нафрлувањето од Артан Велиу, постигна и победнички гол за Шкупи.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 1-2 (0-0)

Тодор Проески арена. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Стрелци: Илијоски 84’ (Работнички), Устабаши 89’, 92’ (Шкупи). Црвен картон: Стојан Стојчевски (Работнички). Ж. картони: Илијоски (Работнички), Броја, Мухарем (Шкупи).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Стојчевски, Вијачки, Димитровски, Петровиќ, Шаркоски (92’ Фазлиу), Пеев, Ацковски, Петковски, Блажевски (55’ Гофри), Илијоски.

ШКУПИ: Мустафи, Ристовски, Билали, Бајрами, Ндонг, Исмаиљи, Броја, Серџо, Устабаши, Исени (81’ Мухарем), Ангелов (78’ Велиу).