shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Беласица – Работнички

Беласица – Работнички

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички игра најдобро кога е најпотребно. Тимот на Баже Лазаревски славеше важен триумф (0-1) на гости против Беласица и се врати на четвртото место на табелата во Првата лига, во пресрет на последното коло. Четвртата позиција може да донесе излез во Европа доколку Академија Пандев го освои Купот на Македонија в среда.

Во последното коло Работнички го пречекува тимот на Шкупи на домашен терен.

Нашиот состав беше подобар противник на денешниот дуел на стадионот „Младост“ во Струмица. Во четвртата минута Чарлс Гофри имаше одлична шанса да го отвори резултатот. Излезе сам пред Вујанац, шутираше, но голманот на Беласица спаси со пад во нозе. По ова убава можност имаше и Петар Петковски во 13.минута, но Вујанац уште еднаш добро интервенираше.

Се закани Мирчевски со удар со глава на спротивната страна, но Јанков беше на место.

Работнички поведе во 38.минута. Себастијан Херера фантастично проби по левата страна, врати во средината, а Кристијан Ацковски погоди од десетина метри на вистинското место.

Во вториот дел, Беласица повторно се закани преку Мирчевски. Тој од десетина метри го погоди дирекот од голот на Јанков, но за среќа топката се врати во поле и потоа беше расчистена опасноста. Во финишот, Зоран Балдовалиев се обиде да донесе израмнување, но неговите два обиди не беа прецизни.

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-1)

Стадион „Младост“ во Струмица. Судија: Марјан Ецкоски (Охрид). Стрелци: Ацковски 38’ (Работнички). Ж. картони: Савиќ (Беласица), Херера (Работнички).

БЕЛАСИЦА: Вујанац, Серафимовски, Митевски, Маслаќ, Милушев, Калпачки (65’ Балдовалиев), Вујчиќ (78’ Сулев), Стојков, Мирчевски (75’ Денковски), Савиќ, Георгиев.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Стојчевски, Димитровски, Вијачки, Херера, Петровиќ, Шаркоски, Ацковски, Блажевски (72’ Манојан), Петковски (83’ Ѓоргиевски), Гофри (90’ Фазлиу).