shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силекс – Работнички

Силекс – Работнички

-

Силекс

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички доживеа минимален пораз (1-0) од Силекс во Кратово во 29.коло од Првата фудбалска лига. Стрелец на голот беше Бобан Георгиев од пенал во 63.минута, а судијата Димитар Мечкаровски не досуди пенал за Работнички во судиското продолжение по акцијата на Баже Илијоски.

Работнички имаше повеќе од играта во првиот дел, се закани Илијоски, а потоа и Пеев.

Во вториот дел, Чарлс Гофри имаше одлична шанса во 62.минута, но не ја реализира, а потоа Силекс дојде во водство со голот од пенал на Бобан Георгиев.

По примениот гол, Работнички тргна по израмнување, а судијата Мечкароски можеше да покаже на белата точка и за нашиот тим во судиското продолжение, но немаше смелост.

По 29. коло, Работнички се наоѓа на петтата позиција на табелата со 39 бода, исто колку и четвртопласираниот тим на Шкупи.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-0 (0-0)

Стадион во Кратово. Судија: Димитар Мечкаровски. Стрелец: Бобан Георгиев 63’ (Силекс). Ж. картони: Благојевиќ, Ристов, Серафимовски, Ефремов (Силекс), Петровиќ, Пеев, Ацковски, Шаркоски, Вијачки, Илијоски (Работнички).

СИЛЕКС: Ефремов, Серафимовски, Благојевиќ, Драшковиќ, Додев (90’ Икиќ), Ристов, Коцев, Грозданоски, Дурански (82’ Кофи), Георгиев (90’ Јусуф), Рајковиќ.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓоргиевски, Димитровски, Вијачки, Херера (57’ Гофри), Петровиќ, Пеев, Манојан (68’ Блажевски), Ацковски (78’ Фазлиу), Шаркоски, Илијоски.