shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шкендија – Работнички

Шкендија – Работнички

-

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби од Шкендија со 1-0 во натпреварот од 23.коло во Првата фудбалска лига. Стрелец на единствениот гол за Шкендија беше Стенио Жуниор во 53.минута од мечот, шутирајќи под гредата по проигрувањето од Агим Ибраими. Но, во зачетокот на акцијата, Ибраими со лакот го удри Милован Петровиќ кој раскрвавен лежеше на теренот, а судијата Димитар Мечкаровски не ја прекина играта.

Шкендија имаше поголема иницијатива на стартот од дуелот. Првата можност ја имаше Шефити, но не беше прецизен, а на спротивната страна се закани Николче Шаркоски.

Во вториот дел, Шкендија поведе во 53.минута со голот на Жуниор. По ова убава шанса имаше и Нафиу, но Јанков беше на висина на задачата. Во завршницата, Работнички можеше до израмнување. Во 83.минута, Блажевски шутираше од слободен удар, а Захов одбрани. Голманот на Шкендија имаше одлична интервенција и во последните мигови од средбата кога Давит Манојан се обиде со удар од 16 метри.

Работнички по 23 одиграни кола во шампионатот се наоѓа на петтата позиција со 31 освоен бод.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-0 (0-0)

Градски стадион во Тетово. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелец: Жуниор 53’ (Шкендија). Ж. картони: Нафиу, Муслиу (Шкендија), Ѓоргиевски, Петровиќ, Манојан (Работнички).

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Муслиу, Бејтулаи, Мици, Алими, Тотре, Ибраими (90’ Чешмеџиев), Шефити (46’ Фазли), Жуниор (76’ Емини), Нафиу.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓоргиевски, Вијачки, Димитровски, Херера, Пеев, Петровиќ, Манојан, Шаркоски (72’ Блажевски), Кабрал (27’ Гофри), Петковски.