shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силекс – Работнички

Силекс – Работнички

-

Силекс

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го доживеа петтиот пораз во шампионатот, откако загуби од Силекс со 2-0 на денешното гостување во Кратово, во рамките на 11.коло во Првата фудбалска лига. Нашиот тим не успеа да продолжи по победнички патеки и во Кратово, по триумфот над Ренова во Тетово.

Мбела прв се закани кон голот на Работнички во шестата минута, но Божиновски успеа да одбрани. Потоа и Парфаит се обиде од далечина, но не беше прецизен. На спротивната страна се закани Петар Петковски, со Спасоје Стефановиќ беше на вистинското место.

Во 40.минута, Силекс дојде во водство. Одбиената топка по корнерот од левата страна, дојде до Луис Парфаит, кој упати силен удар од 20 метри и го совлада Даниел Божиновски.

Само две минути подоцна, Владимир Димитровски заработи втор жолт картон и беше исклучен поради старт над Мбела, а Филип Дурански од слободен удар ја погоди гредата од голот на Работнички.

Во вториот дел, со играч помалку во поле, Работнички немаше сили да израмни. Во 82.минута, Бобан Георгиев постигна втор погодок за кратовскиот тим, по што беше јасно дека бодовите ќе му припаднат на Силекс.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-0 (1-0)

Стадион на Силекс во Кратово. Судија: Зоранчо Темелков. Стрелци: Парфаит 40’, Георгиев 82’ (Силекс): Ж. картони: Стевиќ, Димитровски (Работнички). Црвен картон: Димитровски (Работнички).

СИЛЕКС: Стефановиќ, Додев, Коцев, Благојевиќ, Драшковиќ, Љамчевски (46’ Алексовски), Грозданоски, Парфаит, Дурански, Мбела (73’ Иванов), Георгиев (84’ Десниќ).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Стевиќ (65’ Херера), Митрев, Димитровски, Бопесу (53’ Гофри), Тодоровски, Пеев, Фазлију (46’ Борха), Стевановиќ, Недељковиќ, П. Петковски.