shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тиквеш – Работнички (0-1)

Тиквеш – Работнички (0-1)

Преглед

Работнички оствари триумф (0-1) против Тиквеш на гости во Кавадарци, во првиот меч од осминафиналето на Купот на Македонија. Реваншот ќе се одигра на 10 октомври, а нашиот тим ќе биде во улога на домаќин.

Работнички беше подобар тим на овој дуел. Иако во 58.минута остана со играч помалку, поради исклучувањето на Андреј Лазаров, кој доби два жолти картони, сепак, составот на Ѓоре Јовановски стигна до победа. Во 78.минута, по корнерот од десната страна, Филип Петковски со одличен удар со глава успеа да ја затресе мрежата на Тиквеш.

До крајот, Работнички успеа да ја задржи минималната предност иако имаше играч помалку на теренот.