shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Ренова

Работнички – Ренова

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Ренова

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички доживеа пораз (3-4) од Ренова на стартот од новата сезона во Првата лига. Во дуел со седум голови, очигледно е дека одбраната не беше на посакуваното ниво, со оглед дека Ренова дури четири пати ја затресе мрежата на нашиот тим.

Во четвртата минута, Ренова поведе со голот на Аљбан Сулејмани. Само седум минути подоцна беше 0-2. Сулејмани успеа да погоди на вистинското место и го надмудри Даниел Божиновски.

Работнички се обиде да се врати со голот на Петар Петковски во 23.минута. Младиот напаѓач упати силен удар од 25 метри и постигна прекрасен гол.
Но, на стартот на вториот дел, по една голема грешка на одбраната на Работнички, Влатко Стојановски зголеми на 1-3. Нашиот тим и понатаму не се предаваше,а Остоја Стјепановиќ намали на 2-3 од пенал во 55.минута.

Сепак, повторно одбраната не беше на потребното ниво, па Влатко Стојановски во 68.минута со својот втор гол зголеми на 2-4.

Работнички успеа да дојде до еден гол негатива во 86.минута, со автоголот на Александар Ристевски, но Ренова ги освои бодовите на премиерата од новата сезона.

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 3-4 (1-2)

Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 100. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Стрелци: Петковски 23, Стјепановиќ 55’, Ристевски а.г. 86’ (Работнички), Сулејмани 4’, Јусуфи 11’, Стојановски 48’, 68’ (Ренова). Ж. картони: Митрев (Работнички), Зука, Садики (Ренова).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Стевиќ (89’ Гофри), Митрев, Најдовски (52’ Шаркоски), Херера, Стјепановиќ, Стевановиќ, Бопесу, Недељковиќ, П. Петковски, Станковски (46’ Ф. Петковски).

РЕНОВА: Кобетиќ, Фетаи, Мишковски, Абдула, Зука, Садики, Сулејмани (60’ Гафури), Јусуфи (67’ Пантовиќ), Нухи, Рамадани, Стојановски (80’ Ристевски).