shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Ренова

Работнички – Ренова

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Ренова

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички одигра реми без голови против Ренова на пролетната премиера, во рамките на 19.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Во натпревар со мал број на шанси, мрежите мируваа на двете страни.

Во првиот дел, Садики се закани со удар со глава во 14.минута, но топката на патот кон голот удри во еден од противничките фудбалери. Се обиде и Кировски подоцна, но без ефект, а Ренова исто така со обиди од далечина.

Во второто полувреме и двете екипи продолжија со идентичен стил, со желба да постигнат погодок, но и уште поголемо внимание ја чуваа својата мрежа. Велинов во 60.минута нафрли од слободен удар, Красниќи шутираше со глава, но Кобетиќ успеа да одбрани.

До крајот на мечот остана почетниот резултат, а по 19.коло Работнички се наоѓа на шестата позиција со 24 освоени бода.

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0

Арена „Филип Втори“. Гледачи: 200. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Ж. картони: Садики, Трајчевски, Дурански (Работнички), Стојановски (Ренова).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Крмар, Красниќи, Садики, Херера, Трајчевски, Дурански, Стјепановиќ (65′ Шаркоски), Велинов (81′ Асани), Маркоски, Кировски (85′ Станковски).

РЕНОВА: Кобетиќ, Мишковски, Костов, Незири, Садики, Велија, Цветаноски, Нухи, Фернандо Силва (86′ Гафури), Нафиу (55′ Кадриу), Стојановски (72′ Јусуфи).