shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силекс – Работнички

Силекс – Работнички

-

Силекс

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби од Силекс со 2-1 на гостувањето во Кратово, во рамките на 17.коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Горан Станковски имаше предност од 0-1 по првото полувреме, но во вториот дел прими два гола и бодовите останаа за кратовскиот тим.

Во седмата минута, Остоја Стјепановиќ го доведе Работнички во водство. По ова, нашиот тим имаше контрола на играта, и замина на полувреме со предност.

Но, во вториот дел се случи пресврт. Во 48.минута, Милош Ѓорѓевиќ успеа да го израмни резултатот по прекин на игра, откако со удар со глава го совлада Божиновски. Глигор Глигоров нафрли во шеснаесетникот, а тој скокна највисоко и ја смести топката во мрежата.

Во 65.минута, Силекс направи целосен пресврт. По корнерот од левата страна, топката се одби кај Глигор Глигоров, тој упати центаршут на вториот дирек, а Стојан Стојчевски со удар со глава постигна погодок.

Работнички до крајот притискаше да дојде до бод, но не успеа во тоа.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-1 (0-1)

Стадион во Кратово. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: Ѓорѓевиќ 48’, Стојчевски 65’ (Силекс), Стјепановиќ 7’ (Работнички). Ж. картони: Гуцев, Глигоров, Маркос, Филиповиќ, Тимовски (Силекс), Илиев, Маркоски, Велинов (Работнички).

СИЛЕКС: Митровиќ, Ф. Глигоров, Благојевиќ, Стојчевски, Филиповиќ, Маркос (69’ Тимовски), Г. Глигоров (84’ Филиповски), Гуцев, Георгиев, Тимов, Ѓорѓевиќ (70’ Бујчевски).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиев (69’ Кадриу), Митрев, Садики (46’ Билали), Херера, Трајчевски, Стјепановиќ, Велинов, Маркоски, Сержо јуниор, Гофри (74’ Погосјан).