ФК Работнички своите домашни натпревари во првенството и европските натпреварувања ги игра на најголемиот стадион во Р. Македонија, Националната Арена „Филип Втори“. Националната Арена е мулти-функционален објект, на кој најчесто се одржуваат фудбалски натпревари, но може да се одржуваат и натпревари во атлетика и музички концерти. Стадионот е во сопственост на Јавното Претпријатие за Стопанисување со Стамбен и Деловен Простор (ЈПССДП), а на него покрај ФК Работнички, настапуваат ФК Вардар и фудбалската репрезентација на Македонија. Изграден е во 1947 година, а комплетно е реконструиран во 2011 годна. Капацитетот на Национата Арена Филип II е 32,580 гледачи.