shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Одложен дерби натпреварот со Вардар од 3. коло во ПМФЛ

Дерби натпреварот од 3. коло во ПМФЛ меѓу Работнички и Вардар е одложен во договор меѓу двата клуба, а потврдено официјално и од Фудбалската федерација на Македонија. Терминот за одигрување на истиот ќе биде дополнително одреден.

Работнички се одлучи да излезе во пресрет на барањето на Вардар за одложување на дуелот кој, согласно календарот на ФФМ, требаше да се одигра в недела (27. август). Но поради обврските на европската сцена, и натпреварот со Фенербахче во Истанбул на 24. август, Вардар испрати барање за одложување на средбата.

Со оглед на фактот дека од понеделник (28. август) стартуваат и репрезентативните подготовки за квалификациските натпревари против Израел и против Албанија, одлучено е дополнително да биде одреден за одигрување на дерби пресметката.