shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Без голови против Ренова, на стартот од шампионатот

Работнички одигра реми без голови против Ренова, во првиот натпревар од новиот шампионат во Првата лига. На стадионот во Ѓорче Петров, по тешки временски услови за игра, двете екипи не создадоа ниту една стопроцентна шанса за да стигнат до триумф. Се играше на средината на теренот, со фокус да се сочува сопствената мрежа.


На самиот почеток, Стефан Костов упати удар со глава, но Шишковски успеа да одбрани. По ова Темелков шутираше од далечина, но крај голот, а на спротивната страна се обидоа Кире Маркоски и Стојанчо Велинов.

Во второто полувреме, Работнички имаше поголема иницијатива и желба да стигне до предност, меѓутоа сепак не создаде убава шанса за тоа. Во 75.минута, Стојанчо Велинов нафрли од слободен удар, Кобетиќ ја одби топката, а никој од навалната линија не успеа да ја прифати и да ја спроведе во мрежата.

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0

Стадион во Ѓорче Петров. Судија: Стојанче Стојанов. Ж. картони: Херера (Работнички), Мишковски, Рамадани (Ренова).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Рашо, Билали, Садики, Херера, Трајчевски, Дурански, С. Сахити (68’ Кадриу), Велинов, Маркоски (82’ Тодоров), Погосјан (88’ Миовски).

РЕНОВА: Кобетиќ, Костов, Незири, Мишковски, Велија (90’ Садики), Темелков, Абдула, Гафури, Нухиу, Петковски (65’ Рамадани), Нафиу (57’ Јусуфи).