shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Треневски: Респект за Ренова, секогаш е тешко на стартот на првенството

Работнички денеска, со почеток во 17 часот, против Ренова на стадионот во Ѓорче Петров, ја отвора новата сезона во Првата лига. По настапот во квалификациите за Лигата на Европа следеше период за прилагодување и дополнителна подготовка за македонските прволигашки искушенија, кои веќе стартуваат. Тренерот Виктор Треневски потенцира дека секогаш е тешко на стартот на првенството, а има максимален респект и за Ренова која е предводена од Влатко Костов.

„Подготовките завршија, време е за почеток на првенството. На стартот е секогаш тешко, а за нас можеби најтежок противник во моментов е токму Ренова, со Влатко Костов на кормилото. Еден добро балансиран тим, кој знае што сака на секој натпревар, и сигурно се вбројува во екипите кои заедно со нас, со Пелистер и со Силекс, и во новата сезона ќе се борат за излез во Европа. Но, подготвени сме, верувам во своите фудбалери и очекувам една добра фудбалска претстава, со надеж дека ние на крајот ќе се радуваме“, вели шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски.