shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Славчо Георгиевски приклучен во стручниот штаб на Треневски

Поранешниот македонски репрезентативец Славчо Георгиевски е приклучен во работата на сениорскиот тим и во претстојната сезона ќе работи како асистент во стручниот штаб на Виктор Треневски. Тој веќе 18 месеци работи како тренер во младинската школа на ФК Работнички, а веднаш по завршувањето на фудбалската кариера почна да работи како асистент тренер и во азербејџанскиот клуб Интер Баку.

Славчо Георгиевски во својата фудбалска кариера беше репрезентативец на Македонија и одигра 20 натпревари за националниот тим.

Работнички новата сезона во Првата лига ја стартува утре, со почеток во 17 часот, против Ренова, на стадионот во Ѓорче Петров.