shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

„Генералка“ против Хата, в сабота на стадионот „Борис Трајковски“

Работнички го закажа последниот пријателски натпревар во текот на подготовките, а во пресрет на почетокот на новата сезона во Првата лига. Нашиот тим, в сабота, на 5 август, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, со почеток во 18 часот, ќе одигра пријателски меѓународен натпревар со Хата, тимот од Дубаи, чиј тренер е македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски.

Ова ќе биде убава „генералка“ за избраниците на Виктор Треневски пред почетокот на новиот шампионат и првиот дуел против Ренова.