shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Бојан Миовски потпиша тригодишен договор со Работнички

Младиот напаѓач Бојан Миовски од денеска е нов член на ФК Работнички. Тој потпиша тригодишен договор со нашиот клуб, а доаѓа од редовите на Брегалница.

Работнички со ова ја продолжува својата стратегија за ангажман на млади и талентирани фудбалери, кои добиваат максимална шанса за докажување во прволигашка конкуренција. Миовски е квалитетен млад фудбалер, кој сигурно ќе има можност да го искаже својот потенцијал во тимот што го предводи Виктор Треневски.