shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Треневски: Не ги искористивме своите шанси

Работнички е елиминиран во второто коло од квалификациите во Лигата на Европа, откако загуби со 3-0 од Динамо Минск на гостувањето во Белорусија. Имаше нашиот тим свои шанси, но не ги искористи. Токму тоа го потенцираше и шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски, на прес – конференцијата по мечот.

„Динамо Минск покажа повеќе во двомечот и заслужено се пласира во следното коло од Лигата на Европа. Јас и претходно напоменав дека противникот ја има фаворитската улога. Ние не ги искористивме своите шанси на овој натпревар, и на крајот сме поразени. За разлика од нас, Динамо Минск имаше одлична реализација на своите можности. Честитки за противникот и многу среќа во следната рунда“, изјави шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски на средбата со новинарите по средбата во Белорусија.