shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Француски судии ќе делат правда на мечот Динамо Минск – Работнички

Натпреварот меѓу Динамо Минск и Работнички, кој в четврток ќе се игра во Белорусија, ќе го суди француска судиска четворка. УЕФА за главен судија на натпреварот го одреди Николас Раинвил, а ќе му помагаат Гилјом Дебарт и Филип Жан. Четврти судија на натпреварот ќе биде Јоан Хамел.

Реванш мечот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа ќе се одигра в четврток, со почеток во 17 часот, на стадионот „Трактор“ во Минск. Првиот дуел во Скопје заврши со резултат, 1-1.