shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Треневски: Имаме активен резултат пред реваншот

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Виктор Треневски, изрази задоволство од тимскиот дух што неговите избраници го покажаа на дуелот со Динамо Минск. Посочувајќи го отсуството на Шиков како голем проблем за дефанзивната линија, Треневски сепак е задоволен од конечниот исход со кој „романтичарите“ остануваат во игра за пласман во следната квалификациска рунда.

„Ако се земе во предвид текот на натпреварот секако дека треба да сме задоволни од крајниот исход, кој ни дава надеж и активен резултат пред реваншот во Минск. Јасно е дека Шиков многу ни недостигаше, тоа беше очигледно на оваа средба. Сепак, задовлен сум што игравме со срце и дури и со фудбалер помалку ја надоместивме негативата. Што се однесува до реваншот, одиме во Минск да се обидеме да се пласираме во следното коло“ – изјави Треневски на прес-конференцијата по натпреварот.