shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички закажува прес – конференција пред мечот со Динамо Минск

ФК Работнички закажува прес – конференција утре (12.јули), со почеток во 12 часот, во прес – центарот на ФФМ во Куќата на фудбалот, во пресрет на натпреварот со Динамо Минск, кој ќе се игра в четврток, во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Клубот срдечно поканува новинари, фоторепортери, сниматели, да присуствуваат на овој настан.

Истовремено, ФК Работнички ги информира медиумите своите барања за акредитации за натпреварот меѓу Работнички и Динамо Минск да ги достават на следниот мејл contact@fkrabotnicki.com.

Клубот го задржува правото да го ограничи бројот на акредитации за еден медиум, со оглед на малиот простор наменет за медиуми на единствената трибина на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.

Со почит,

ФК Работнички