shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Видео: Работнички – Тре Пене (6-0)

Работнички на убедлив начин го елиминираше претставникот на Сан Марино, тимот на Тре Пене, во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа. По минималниот триумф на гости, следеше вистинска голеада во Скопје, и победа од 6-0. Бојан Најденов и Стојанчо Велинов постигнаа по два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Суад Сахити, кој ја отвори серијата, како и Кире Маркоски.

В четврток, со почеток во 18 часот, следи нов предизвик, првиот меч против Динамо Минск, претставникот на Белорусија, во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на Европа.