shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички и со Динамо Минск ќе биде домаќин на комплексот на ФФМ

Работнички ќе го пречека белорускиот тим Динамо Минск, в четврток, со почеток во 18 часот, на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.

Според претходно утврдениот ждреб на УЕФА, нашиот тим ќе биде домаќин на првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Реваншот ќе се игра во Белорусија по седум дена.

Динамо Минск во првото коло беше поуспешен во двата меча од Рунавик, претставникот на Фарски Острови.