shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Следна пречка во Лига Европа – Динамо Минск

Белорускиот претставник Динамо Минск е следниот противник на Работнички во второто коло од квалификациите за Лигата на Европа. Динамо Минск ја потврди фаворитската улога против Рунавик, тимот на Фарски Острови, откако победи на двата меча. Вечерва славеше со 0-2 на гости, со двата гола на Антон Сакора, иако уште од седмата минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Биков.

На првиот меч во Белорусија, Динамо Минск победи со 2-1. Во моментов првенството на Белорусија е во тек, а по 15 одиграни кола, тимот на Динамо Минск се наоѓа на третата позиција, зад Шахтјор Солигорск и Бате Борисов.