shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Треневски: Победа од 6-0 е секогаш за респект

Работнички со убедлива победа од 6-0 го потврди пласманот во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, елиминирајќи го Тре Пене, претставникот на Сан Марино. Тренерот Виктор Треневски е задоволен од резултатот, иако истакна дека играта и не била сјајна. Но, ќе има можност и за многу повеќе во следното коло од ова европско натпреварување.

„Искрено, не бевме сјајни во играта, но, сепак, победа од 6-0 е секогаш за респект. Сакам да им честитам на фудбалерите. Кога го видов Бојан Најденов како спие во копачки во карантин, знаев дека ќе биде добро. На почетокот малку се баравме себеси, но откако го отворивме резултатот, потоа беше поинаку. Има простор за напредок, и теренот е покус овде на комплексот на ФФМ, тоа е сосема друг проблем, но не треба сега да се бараат многу забелешки кога ќе славиш така убедливо. Го чекаме сега следниот противник и ќе се подготвиме за новите натпревари“, изјави шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски, по елиминацијата на Тре Пене.