shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Митрев: Поквалитетни сме од Тре Пене, во Скопје побрзо да го отвориме резултатот

Работнички со триумф (0-1) ја заврши првата европска одисеја од новата сезона, на гости против Тре Пене од Сан Марино. Деан Митрев успеа да постигне победнички гол во 90.минута од натпреварот. Следи и реваншот во Скопје в четврток, а дефанзивецот се надева дека нашиот тим на возвратниот меч многу побрзо ќе го отвори резултатот.

„Одигравме квалитетен натпревар, а Тре Пене покажа дека сепак не е така наивен тим, како што се мисли за екипите кои се претставници на Сан Марино. Ние секако бевме подобар ривал, но не успеавме брзо да го отвориме резултатот. На крајот, дојде погодокот што го постигнав по корнерот, мислам дека сосема заслужено стигнавме до триумф, и верувам дека на реваншот во Скопје ќе го потврдиме нашиот пласман во следното коло од квалификациите за Лигата на Европа. Ако брзо го отвориме резултатот, се надевам дека ќе славиме и многу победливо во Скопје“, вели Деан Митрев.