shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: Мисијата е да се елиминира Тре Пене

Работнички вечерва (20.30 часот) на стадионот „Серавале“ во Сан Марино го игра првиот натпревар против Тре Пене, во рамките на првото коло од квалификациите во Лигата на Европа. Капитенот Душко Трајчевски несомнено ја истакнува намерата на нашиот тим, да го елиминира претставникот на Сан Марино. Ќе се атакува на триумф уште на вечерашниот прв дуел на гости.

„Нашата мисија е јасна, да го елиминираме Тре Пене. Го респектираме противникот, знаеме и дека не очекува тежок дуел, и воопшто нема да се опуштиме затоа што играме против тим од Сан Марино. Нема веќе лесни ривали во Европа, тоа одамна го знаеме. Но, подготвени сме за предизвикот и ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра уште на овој прв натпревар. Веруваме во нашите квалитети и се надеваме на успех“, порачува капитенот Душко Трајчевски.

Натпреварот меѓу Тре Пене и Работнички почнува во 20.30 часот, на стадионот „Серавале“ во Сан Марино. Главен судија на овој меч ќе биде Џејсон Ли Барсело од Гибралтар.