shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Младите репрезентативци на Работнички се вратија од ЕП во Полска

Тројцата младински репрезентативци на ФК Работнички, Дамјан Шишковски, Кире Маркоски и Елиф Елмас, денеска се вратија во Скопје, по настапот на македонската селекција до 21 година на Европското првенство во Полска. Тие беа активни учесници во настапите на младиот национален тим, а по дводневен одмор ќе му се приклучат на тимот пред настапот во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, против претставникот на Сан Марино, Тре Пене.

Кире Маркоски беше стрелец на погодок за Македонија на третиот меч на ЕП против Португалија (2-4), а Елиф Елмас настапи на сите три мечеви во младиот национален тим до 21 година. Дамјан Шишковски беше на голот на Македонија на синоќешниот дуел против Португалците.