shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Марјан Младеновски ќе го суди мечот Брегалница – Работнички

Работнички в среда, во рамките на последното 36. коло од Првата фудбалска лига на Македонија, ќе гостува во Штип и ќе ги одмери силите со Брегалница. Мечот е закажан за 16.30 часот. Одредени се и официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Марјан Младеновски од Скопје, а ќе му помагаат Саше Тошевски (Скопје) и Бојан Иваноски (Скопје). Четврти судија ќе биде Дарко Стојчевски (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Зоран Митковиќ од Куманово, а контролор на судењето ќе биде Мијалчо Михаилов (Лозово).