shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: Во Тетово против Шкендија да ја завериме Европа

Работнички в недела ќе гостува во Тетово и ќе ги одмери силите против Шкендија во рамките на 34.коло од Првата фудбалска лига. Шампионатот влезе во својата финална фаза, а избраниците на Виктор Треневски ќе патуваат на ова гостување со една цел – да го заверат пласманот во Европа.

Капитенот Душко Трајчевски и искусниот дефанзивец Ванче Шиков се очекува да се вратат во составот откако ги надминаа повредите.

„Повредата е минато, се вратив во полн тренажен процес и подготвен сум за кам-бек. Не очекува дуел со Шкендија во Тетово, го респектираме ривалот, но и ќе се обидеме да го искористиме овој негативен психолошки момент за нив, со оглед дека го загубија и финалето на Купот против Пелистер. Сепак, ние си гледаме во нашиот двор, на чекор сме до исполнување на целта, обезбедување на пласман во Европа и следната сезона и ќе сториме се за да останеме непоразени на неделниот дуел против Шкендија“, вели капитенот Душко Трајчевски.

Во пресрет на 34.коло, Работнички се наоѓа на третата позиција на табелата со 53 освоени бода.