shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мечот Работнички – Шкупи ќе се игра в четврток на стадионот во Ѓорче Петров

Натпреварот од 29.коло меѓу Работнички и Шкупи ќе се одигра в четврток, со почеток во 16 часот, на стадионот во Ѓорче Петров. Нашиот клуб реши да биде домаќин во Ѓорче Петров поради одлуката теренот на „Телеком Арена“ да се користи за натпревари само за викенди.

Работнички во пресрет на ова коло се наоѓа на третата позиција на табелата со 47 бода, а Шкупи седмопласиран со 29 бода.