shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми против Македонија ЃП (1-1)

Работнички одигра 1-1 против Македонија ЃП во дуелот од 28.коло од Првата фудбалска лига што се одигра на „Телеком Арена“. Тимот на Виктор Треневски имаше повеќе од играта, но, сепак, не успеа тоа и да го преточи во нов триумф против „лавовите“ од Ѓорче Петров.

rabotnicki-makedonija-gp-36
Македонија ЃП напаѓачки го започна мечот и се закани неколку пати преку Тантуровски и Стојкоски, а дојде во водство со голот на Валмир Јонузи во 27.минута од натпреварот. Дамјан Шишковски боксуваше топка на работ од шеснаесетникот, но таа дојде до Јонузи, кој со лоб удар успеа да го пронајде патот до мрежата.

По ова Работнички тргна по израмнување, и успеа пред крајот на првото полувреме. Елиф Елмас одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со прецизен удар погоди на вистинското место.

Во второто полувреме, Работнички се обиде да стигне до трите бода. Ивановски имаше можност во 64.минута, но неговиот удар беше блокиран во последен момент. Потоа се обиде и Садики по корнер, шутирајќи со глава, но само во противничкиот голман.

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1 (1-1)
Стадион „Телеком Арена“. Гледачи: 300. Судија: Стојанче Стојанов (Штип). Стрелци: Елмас 43’ (Работнички), Јонузи 27’ (Македонија ЃП). Ж. картони: Ивановски (Работнички), Стојковски, Џангаровски, Серафимовски (Македонија ЃП).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Рашо, Шиков, Садики, Борха (46’ Ивановски), Трајчевски (87’ Станковски), Најденов, Дурански (72’ Маркоски), Елмас, С. Сахити, Вуковиќ.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Кандикјан, Аломеровиќ, Стојковски, Џангаровски, Чешмеџиев, Јакимовски (67’ Денковски), Серафимовски, Јонузи (73’ Јашароски), Цветановски (82’ Ризоски), Тантуровски, К. Стојкоски.