shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Суад Сахити: Трите бода ни се императив против Брегалница

Работнички в сабота (16 часот) го пречекува тимот на Брегалница во рамките на 27.коло од Првата фудбалска лига. Штипјани се во налет, врзаа две победи во серија, но и составот на Виктор Треневски сака да им се врати на триумфите по ремито без голови против Победа во Прилеп.

Крилниот играч Суад Сахити верува дека Работнички е поквалитетен тим, истакнувајќи дека трите бода се императив за саботниот првенствен натпревар.

„Играме на домашен терен и тоа треба да го искористиме на најдобар можен начин. Атмосферата во тимот е одлична, се наоѓаме на третото место на табелата кое носи излез во Европа и треба да го сочуваме со победи. Брегалница е квалитетен тим, нивниот квалитет не е добро отсликан преку бодовното салдо на табелата, а во последниот период играат и во одлична форма, забележувајќи две победи во низа. Треба да бидеме максимално фокусирани и да одиграме на високо ниво, за да ги освоиме бодовите“, вели Суад Сахити.