shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Стојанче Стојанов ќе го суди натпреварот Победа – Работнички

Работнички в недела ќе и гостува на Победа, во рамките на 26.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Мечот ќе се одигра на игралиштето на Могила во Прилеп, со почеток во 16 часот. Одредени се официјалните лица за оваа средба.

Натпреварот ќе го суди Стојанче Стојанов од Штип, а ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Игор Ширилов (Скопје). Четврти судија е Дарко Стојчевски (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Сашко Крстев од Неготино, а контролор на судењето ќе биде Аце Миноски од Скопје.