shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ивановски: Секогаш има надигрување на дуелите со Вардар

Заврши репрезентативната пауза и вниманието повторно се насочува кон Првата фудбалска лига на Македонија. Работнички в недела го очекува градското дерби со актуелниот првак Вардар, а напаѓачот Филип Ивановски, кој во кариерата бил дел и од двата табори, истакнува дека тоа се фудбалски пресметки за уживање, каде секогаш има надигрување и допадлив фудбал.

„Натпреварите меѓу Работнички и Вардар секогаш имаат некое посебно значење, носат дополнителна возбуда. Тоа се дуели за фудбалско надигрување, каде решава моментната инспирација и еден добар потег. Подготвени сме за надигрување, паузата ја искористивме за да отстраниме некои детали во играта, иако не бевме комплетни поради отсуството на неколкумина репрезентативци. Очекувам добар натпревар и наше позитивно издание, и секако, позитивен резултат“, вели Филип Ивановски.