shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски: Засега ни оди одлично пролетва

Работнички има одлична серија оваа пролет и се уште не знае за пораз. Три победи и две ремија, и само еден примен гол на пет натпревари во шампионатот е билансот на избраниците на Виктор Треневски. На последните два меча се остварени две многу значајни победи, против директни ривали во трката за излез на европска сцена, Пелистер и Силекс. Секако, тоа е изразено со задоволство и насмевки на лицата на „романтичарите“, а го потврдува и Горан Силјановски.

„Задоволни сме, засега ни оди одлично пролетва. Остваривме многу важни триумфи против Пелистер и против Силекс, и се зацврстивме на третата позиција на табелата. Ја пронајдовме вистинската форма и се надевам дека ќе ја одржиме и подобриме во овие две седмици кога паузира првенството поради настапот на репрезентацијата“, вели Горан Силјановски, кој беше стрелец на погодок од голема далечина, отворајќи го резултатот на дуелот со Силекс.

По паузата, за Работнички следат уште поголеми искушенија. Вардар и Шкендија, двете првопласирани екипи, се следните противници.

„Секогаш играме најдобро против најдобрите. Не се сомневам дека така ќе биде и овојпат. Ги респектираме, меѓутоа ќе се подготвиме што е можно подобро за следните предизвици“, порачува десниот бек.