shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Четворица „романтичари“ добија повик од селекторот Милевски

Четворица фудбалери на Работнички добија повик од селекторот Благоја Милевски да бидат дел од репрезентацијата до 21 година. Тој објави два списоци, за две различни генерации кои ќе ги тестира против селекциите на Црна Гора и на Бугарија.

Елиф Елмас и Бенјамин Демир се најдоа на списокот на фудбалери од новата генерација репрезентативци до 21 година која ќе игра пријателски натпревар против Црна Гора на 24.март.

Дамјан Шишковски и Кире Маркоски се повикани во селекцијата која избори пласман на Европското првенство во Полска, а на 28.март ќе одигра пријателски натпревар против Бугарија на домашен терен.