shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шиков и Трајчевски на списокот на Ангеловски за А-тимот на Македонија

Дефанзивецот Ванче Шиков и капитенот Душко Трајчевски се репрезентите на ФК Работнички на најновиот список на селекторот Игор Ангеловски за претстојните два натпревари на А-репрезентацијата на Македонија. Новото засилување Шиков со репрезентативнo педигре му пристапи на Работнички и веќе една деценија во континуитет го носи дресот на националниот тим, а по подолг период и Душко Трајчевски се враќа во А-селекцијата на Македонија.

Македонските репрезентативци на 24.март ги очекува квалификациски дуел со Лихтенштајн во Вадуз, а четири дена подоцна ќе одиграат и пријателски меч против Белорусија во Скопје.

fk-rabornicki-2017-17

Првиот собир национален тим ќе го има на 20. март, а првиот тренинг е истиот ден, од 15 часот, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.