shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Иван Поповски: Победа за мерак, одлично издание против Пелистер

Работнички одигра одличен меч против Пелистер во Охрид и оствари голем триумф (0-1) во дуелот со еден од директните ривали за излез во Европа. По двата претходни порази, нашиот тим конечно успеа да слави важна победа над битолскиот прволигаш. Со прекрасниот гол на Елиф Елмас, Работнички стигна до минимален триумф, но и три многу значајни бода.

Задоволен од изданието на тимот, и секако од победата, е спортскиот директор Иван Поповски.

„Сакам да упатам честитки до фудбалерите и до стручниот штаб за одличното издание против Пелистер. Одигравме одличен натпревар, во целост го надигравме противникот и сосема заслужено ги освоивме трите бода. Ова е многу значајна победа за нас, ако се знае дека е остварена против директен конкурент за излез на европската сцена. Уште подраго ми е и што Баже Илијоски немаше можност ’да не се радува’ на овој меч, со оглед дека не ја затресе нашата мрежа“, вели спортскиот директор, Иван Поповски.