shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Магија на Елмас за важен триумф над Пелистер

Работнички оствари многу значаен триумф (0-1) над Пелистер на гостувањето на „Билјанини Извори“ во Охрид. Младиот Елиф Елмас во 60.минута изведе вистинска магија, кога со волеј – удар од работ на шеснаесетникот успеа да ја затресе мрежата на Илчо Петровски, постигнувајќи фантастичен погодок. Тој гол беше доволен за голема победа на нашиот тим, по која повторно се искачивме на третата позиција на табелата.

Уште од самиот старт на овој важен меч против директниот ривал за излезе во Европа, избраниците на Виктор Треневски покажаа дека се решени да одат на победа. Во 19.минута, Душко Трајчевски упати силен удар од 30 метри, а топката ја погоди само гредата од голот на Петровски. Во 30.минута, Себастијан Херера се обиде од слободен удар, но шутот не беше прецизен. На одмор се замина со почетниот резултат.

Во второто полувреме, Силјановски се закани од далечина, но топката отиде неколку сантиметри крај дирекот во 55.минута, а тоа беше најава за погодокот кој дојде пет минути подоцна. По центаршутот од десната страна, Елиф Елмас на мајсторски начин зафати волеј – удар, и ја погоди мрежата од голот на Пелистер.

По ова се закани и Филип Ивановски, но не беше прецизен, а во 72.минута, Даниел Божиновски одлично го одбрани шутот на Тошевски од 16 метри. Работнички успеа да го сочува минималното водство до самиот крај, за многу значаен триумф на Пелистер.

pelister-rabotnicki-ohrid-1

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-0)

Стадион „Билјанини Извори“ во Охрид. Гледачи: 500. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелец: Елмас 60’ (Работнички). Ж. картони: Лукас Фереира, Фернандо Аугусто (Пелистер), Херера, Силјановски (Работнички). Црвен картон: Фернандо Аугусто (Пелистер).

ПЕЛИСТЕР: Петровски, Тошевски, Мециновиќ, Бојовиќ, Попзлатанов (62’ Фернандо Силва), Маркоски (46’ Божиновски), Илиев, Миленковски (46’ Фернандо Аугусто), Трифуновски, Лукас Фереира, Илијоски.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Митрев, Шиков, Рашо, Херера, Трајчевски, Дурански, Елмас (78’ Вуковиќ), С. Сахити (73’ Маркоски), Ивановски (90’ Најдовски).