shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: Трета среќа за три бода против Пелистер

Работнички в недела (14 часот) ќе му гостува на Пелистер во Охрид, во рамките на 22.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Тоа е дуел со еден од директните ривали за излез на европската сцена, а капитенот Душко Трајчевски вели дека е време за прв триумф на нашиот тим во дуелите со битолскиот прволигаш оваа сезона.

„Се надеваме на трета среќа во дуелите со Пелистер. На првото гостување загубивме убедливо (3-0), а на вториот меч на „Телеком Арена“ (0-1) навистина немавме среќа. Не реализиравме пенал и пропуштивме неколку изгледни шанси, а потоа Пелистер не казни со погодок во финишот. Сега се надеваме дека фортуната ќе биде на наша страна. Подготвени сме и веруваме во успех“, вели капитенот Трајчевски.

Респект за Пелистер, секако, има во таборот на Работнички.

„Пелистер е квалитетен тим, го респектираме максимално, оваа сезона се наметна како една од екипите што тешко прима голови и бележи одлични резултати. Сепак, сметам дека Работнички има капацитет за да слави на дуелот со битолскиот прволигаш во Охрид. Тие се фаворити, но ако одиграме квалитетно, можеме да ги освоиме трите бода“, порачува Трајчевски.