shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Емир Сахити успешно опериран во Белград

Фудбалерот на Работнички, Емир Сахити, вчера е успешно опериран во клиника во Белград, со цел да се санира скриената повреда на десниот скочен зглоб, која беше откриена при медицинските прегледи во Загреб за негов трансфер во хрватскиот првак Динамо Загреб. Тој и во наредниот период ќе остане во Белград, каде ќе ја мине првата фаза од рехабилитацискиот процес и лекарските колнсултации, по што ќе се врати во Скопје.

ФК Работнички максимално се грижи за својот член и му посакува успешна рехабилитација. Според лекарските проценки, се очекува тој да се врати во тренажен процес за период од три месеци.