shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички в сабота ќе ја пречека Ренова

Работнички во 21.коло, кое е на програмата претстојниот викенд, на „Телеком Арена“ во Скопје ќе ја пречека Ренова. Натпреварот е закажан за в сабота, со почеток во 14 часот. Во оптек за гледачите ќе биде пуштена Јужната трибина на „Телеком Арена“, додека на Северната трибина, поради нејзино реновирање, ќе биде дозволен влез само за новинарските екипи.

Во пресрет на овој првенствен дуел, Работнички се наоѓа на четвртата позиција со 32 освоени бода, додека Ренова е петтопласирана со 27 бода. Во минатото коло и двете екипи ремизираа. Работнички одигра 1-1 на гостувањето на Чаир против Шкупи додека Ренова играше 2-2 против Македонија ЃП во Тетово.