shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Треневски: Задоволство по првото коло, одиме понатаму…

Работнички успешно го стартуваше пролетниот дел од првенството, совладувајќи ја Македонија ЃП со 0-3. По овој триумф, тимот се искачи на третата позиција на табелата со 31 освоен бод.

Тренерот Виктор Треневски е задоволен од првото пролетно издание и најавува уште понапорна работа, затоа што допрва следат вистинските искушенија. Следно е гостувањето на Чаир и дуелот со Шкупи.

„Задоволни сме од пролетниот старт. Остваривме сигурен триумф над Македонија ЃП, иако тоа не е нималку наивен тим. Напротив, поседуваат млада, полетна екипа која посебно пред домашните гледачи игра квалитетно. Но, ние на време го отворивме резултатот, потоа продолживме да играме според зацртаниот план и на крајот остваривме заслужен триумф. Новите засилувања одлично се вклопуваат во тимот, иако се уште на физички план не се најдобро подготвени. Но, тоа се искусни фудбалери кои секако го подигнаа нашиот квалитет. Сега не очекува дуел со Шкупи, ново гостување против екипа која исто така е многу цврста на домашен терен. Ќе се подготвиме добро и одиме понатаму…во нови победи“, вели шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски.