shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Марјан Маркоски ќе го суди мечот Македонија ЃП – Работнички

Натпреварот од 19.коло во Првата фудбалска лига меѓу Македонија ЃП и Работнички ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров в недела со почеток од 14 часот. Денеска со ждреб во просториите на ФФМ беа одредени и официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Маркоски од Охрид. Ќе му помагаат Жарко Тодороски (Охрид) и Ацо Мацевски (Струга). Четврти судија е Маријан Ецкоски. Делегат ќе биде Тони Донев (Валандово), а контролор е Марјан Ристески (Кичево).